PH na krv (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 14 | Nivo:
Prorodno matematički fakultet – Skopje
Универзитет " Св.
Кирил и Методиј "-Скопје
Природно-математички факултет
Семинарска работа по Аналитичка хемија
Тема:pH на крв
Изработил: Професор: Ирена Јорданова Симка
Петровска-Јовановиќ
Крв
Крвта (латински: Sanguis) е течно сврзно ткиво
кое се среќава кај сите ‘рбетници и некои без‘рбетни животни. Таа циркулира низ
крвните садови и нејзина најзначајна улога е транспортната - хранливи материи,
екскрети, кислород и јаглерод диоксид од и до клетките.
Крвта се состои од формативни елементи (крвни
клетки) и крвна плазма. Од целокупниот волумен на крвта, 45% отпаѓа на крвните
клетки, додека 55% на крвната плазма. Волуменскиот однос на крвните клетки со
крвната плазма е наречен хематокрит. По прекумерно потење, количеството на
плазма може да се намали до 50%, додека со консумирањето на течности да се
зголеми до 60%.
Многу биохемиски процеси во организмите на
растенијата,животните и човекот можат да се одвиваат во оделни средини,бидејќи
ферментите дејствуваат при оптимални вредности за pH.Поради тоа и некои
биолошки раствори имаат определен pH. pH на крвта изнесува 7,36 а pH на
менструалната крв е 7,4.
Апарат со кој се определува pH на крвта
Eлементи на крвта
Eлементи на крвта се клетките кои ја даваат
структурата на крвта: еритроцити, леукоцити и тромбоцити.
Еритроцитите се црвените крвни клетки.Тие се
долги околу 7 - 8µ и широки 2µ. Имаат дисковидна форма. Кај повеќето животни
еритроцитите содржат јадро, додека кај цицачите, вклучувајќи го и човекот, тие
се безјадрени клетки. Нормалната концентрација на еритроцитите во крвта е
отприлика 3,9-5,5 милиони на микролитар кај жена и 4,6-6 милиони на микролитар
кај маж
Основната улога на еритроцитите е транспорт на
кислородот до клетките и јаглеродниот диоксид од нив преку респираторниот
пигмент што го содржат хемоглобин
Хемоглобинот е респираторниот пигмент на
‘рбетниците. Од него потекнува црвената боја на еритроцитите, а со тоа и на
крвта. Тој претставува сложен протеин (протеид) кој се состои од протеинска
компонента глобин и простетична група хем. Скратено се обележува со Hb.
Протеинската компонента е составена од четири
полипептидни ланци, и тоа два α и два β. Секој од нив содржи по една
простетична група (хем), така што во молекулата на хемоглобинот има исто така и
четири хема.Железото во хемоглобинот се наоѓа во облик на двовалентен јон Fe2
Хемоглобините на различните животни имаат иста
простетична група (хем), но протеинската компонента (глобин) е со различен
состав, специфичен за поодделните видови. Во крвта на возрасен човек се наоѓаат
два вида на хемоглобин: адултен хемоглобин (HbA) и хемоглобин A2 (HbA2). И
двата се состојат од четири полипептидни ланци, и тоа хемоглобинот А од два α и
два β, а хемоглобинот А2 од два α и два δ.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!